(Видео) Стоилковски: За насилството во М-НАВ не е доволно само разрешување директори, мора да има лисици на рацете

 

Петти ден лажниот европски фронт нема разрешница за насилство со квалификација „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ затоа што директно се инволвирани партиските банди.

Петти ден изминува, никој нема одговорен за случајот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

За ваков случај, за разлика од лажниот европски фронт, како што вели, не е доволно само разрешување директори, туку барање командна одговорност и лисици на рацете за насилството во М-НАВ.

„Кој нарачал насилство во контролната кола?

Кој дозволил насилство додека авиони кружат над Скопје?

Кој е одговорен за изборот на обезбедувањето на стратешкиот објект?

Чија е оваа агенција 2СС, под чија наредба работат, и дали ќе дозволат вакви насилни партиски банди да влетуваат и во другите институции?“, прашува Стоилковски.

За овие прашања, според Стоилковски, мора да се испита и одговорноста на ресорните министри, од транспорт и врски до МВР, Бочварски и Спасовски.

„Законот е јасен и прецизен. Ова не е ‘кошкање меѓу колеги’ ова е ‘загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај’, квалификација кшто постои во законот.

Бараме лажниот европски фронт да ги тргне рацете од правосудството. Случајот мора да има вистинска завршница. Ако не сега, тогаш ќе ја има по изборите“, истакнува Стоилковски.

09.01.2024 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега