(ВИДЕО) Специјалци на МВР се на терен - трагаат по лицето кое утрово скокна од мост во р.Вардар
Специјалци од Министерството за внатрешни работи трагаат по лицето, кое утрово скокна од мостот Близнак на бул.Србија во реката Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи за Прес24.
ЦУК стапиле во контакт и со Црвен крст, при што после проценка на ситуацијата можно е вклучување на нивни тимови, но дури во текот на утрешниот ден.
Од Центарот за управување со кризи претходно открија дека во потрагата по лицето кое утрово скокнало од мостот Близнак, не биле вклучени тимови за потрага од Дирекцијата за заштита и спасување, иако биле уште од утрово известени за настанатата состојба.
„По остварените контакти со Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје и ЦИК на МВР известени сме дека БППЗ на Град Скопје не се вклучени во потрагата на лицето кое што утринава скокна од мостот Близнак на Бул. Србија во реката Вардар. Од ЦИК на МВР известија дека во потрагата се вклучени полицајци од Полициска станица Гази Баба и Полициска станица Аеродром. До овој момент нема вклучено тимови за потрага од Дирекцијата за заштита и спасување кои утринава од наша страна беа известени за настанатата состојба“, изјавија од ЦУК.
Повеќе детали засега не се познати, се очекуваат во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа