Скопјанец украл автомобил со „богат плен“

 


Вчера во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода А.Ѓ.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека одзел патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.Т.(58) од Битола, во кое имало пари, мобилни телефони и други предмети.


Возилото било пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

07.11.2024 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега