ВИДЕО: Снимен моментот при пукањето кон Трамп, додека држи говор наеднаш паѓа

 

 

Доналд Трамп беше нападнат на неговиот митинг во Пенсилванија.

Додека го држел говорот, биле испукани неколку истрели. Засега не е познато какво оружје е употребено, но откако биле испукани, Трамп се спуштил или паднал на земја.

Тој брзо беше опкружен со вооружено обезбедување, а Трамп остана долу околу една минута. Во позадина се слушаа врисоци на насобраните поддржувачи.

Трамп потоа стана и ја крена тупаницата во воздух, пред да биде придружуван од бината до возило и потоа да биде однесен од местото на настанот.

На видеото кое се појавило се гледа крв на неговото уво. Поранешниот претседател изгледаше како да ја стиска главата додека се спушташе кон земјата.

Тајната служба го убила напаѓачот

Напаѓачот на митингот на Доналд Трамп бил убиен од Тајната служба, изјави за Си-Ен-Ен извор од Тајната служба.

 

14.07.2024 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа