ВИДЕО: Силно невреме ја зафати Хрватска
Невремето со грмежи и врнежи, кое во следните часови треба да ја зафати целата територија на Хрватска, веќе пристигна во Истра.
Огромна пијавица се појави кај Ровињ, а од Пореч до Умаг е забележан силен дожд.
Според тамошните медиуми, врне дожд и грми, а дува ветер со брзина од 20 километри на час.
Радарската слика покажува дека невремето го зафатило западниот брег на Истра и северниот дел на Јадранот.
Од Хрватскиот хидрометеоролошки завод предупредуваат дека количината на врнежи треба да биде поголема од 30 мм, а веројатноста за појава на грмежи е над 75 отсто.
„Бидете подготвени за силни грмотевици кои можат да предизвикаат голема штета и заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја, локални поројни поплави, бурни налети на ветер и град, како и прекини во активностите на отворено и сообраќајот“, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа