ВИДЕО: Пожар проголта историско богатство, во Лондон изгоре црква стара 150 години

 

 

Црквата „Свети Марко“ во северозападен Лондон, која е стара повеќе од 150 години, е уништена при синоќешниот пожар.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека нема извештаи за повредени и дека причината за пожарот сè уште не е позната, пренесува Би-би-си.

На самото место беа ангажирани повеќе од 10 противпожарни возила со 80 пожарникари за да се справат со пламените јазици.

На жителите што живеат во областа им беше препорачано да ги држат своите прозорци и врати затворени, а полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа за да им дозволи на службите за итни случаи да работат.

При интервенцијата пожарникарите употребиле скала висока 64 метри, највисока од ваков вид во Европа.

 

27.01.2023 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега