ВИДЕО: Поплавени се булевари во Тетово - полицајците ги пренасочуваат возилата

Интензивниот повеќе часовен дожд денес е причина повторно да има поплавување на коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај касарната. Полицијата ги пренасочува возилата да одат по други улици.
Од ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.

04.10.2024 - 20:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега