(ВИДЕО) Пенов за блокадите на приватните превозници: Не можам да кажам кои мерки ќе ги превземеме, самоволие е присутно на улиците
Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, денеска во изјава за медиумите порача дека не можел да открие кои мерки ќе ги преземе Владата во врска со блокадите кои ги предизвикуваат приватните превозници во Скопје, при што е создаден сообраќаен хаос.
Не можам да кажам кои мерки ќе ги превземеме, ја следиме таа ситуација. Непријатна е, преголеми штети имаат граѓаните заради можам да речам некое самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи кон Струмица, едвај излеговме, изјави од Струмица министерот за локална самоуправа.
06.12.2022 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа