ВИДЕО: Невремето во Загреб одвеа парче метал врз далновод

 

 

Невремето што го зафати Загреб во средата фрли парче метал на далновод во близина на улицата Сараево. Металот остана на водовите, а вчера поради силен ветер и дожд имаше искра на далноводот, објавува Индекс.

На видеото што го објавува порталот се гледаат неколку експлозии и искри кои паѓаат на покривот на блиската зграда и на земја.

Невремето во петокот околу 16 часот и 40 минути го погоди подрачјето на Загреб и Загрепската жупанија, особено Запрешиќ, Дуго Село, Самобор и Света Неџеља, а жупанискиот центар 112 Загреб примил околу 800 повици од граѓани, извести Дирекцијата за цивилна заштита.

Извештаите првенствено се однесуваат на паѓање дрвја, прекини на струја и испумпување вода.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, во петокот по новото силно невреме што го зафати Загреб изјави дека пожарникарите излегле на терен повеќе од 200 пати, велејќи дека најважно е што никој од граѓаните не е повреден.

По првото невреме, градот собра тимови за да им помогне на граѓаните да пријават штета во сите области, што може да се пријави преку апликација на веб-страницата на Град Загреб. Досега апликации поднеле повеќе од 1.300 граѓани, рече Томашевиќ.

 

22.07.2023 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега