(Видео) Необична спасувачка акција во Словенија: Полицијата со хеликоптер спаси две прасиња

 

 

Словенечките спасувачи имаат полни раце работа. Екипажот на полицискиот хеликоптер кој во најтешките моменти спасуваше луѓе од покривите на поплавените куќи и сега не мирува.

Во погодените подрачја се носат материјал и гориво, а две свињи се спасени од фарма уништена од поплавите.

Полицијата денеска била контактирана од околината на Љубно. Една од тамошните фарми речиси целосно била уништена од разорната поплава, а на фармата преживеале само две прасиња, а полицијата сакала да ги пренесе на безбедно со хеликоптер.

Полицајците поради тоа долетале на тешко пристапното место и ги подигнале животните, јавува „Н1“.

„Семејството кое во поплавите ја загуби практично целата своја фарма, штала и земјоделска механизација, а и домот им беше уништен, беше исклучително благодарно.  На фармата имало и други животни, но преживеале само две свињи и една кобила, која сама побегнала“, соопшти полицијата.

Деновиве воздухопловната единица на полицијата првенствено превезува материјал кој е неопходен за санација во опустошените подрачја.

 

11.08.2023 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега