(Видео) Меџити за „Макфакс“: Пациент со цистична фиброза правеше шоу на телевизија, деновиве ќе имаме средба со претставници од Асоцијацијата

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју заМакфакс“ зборуваше за набавка на лекот трикафта кој му е потребен на лицата со цистична фиброза.Тој рече дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста.

„Во врска со „трикафта“, кога јас дојдов верувајте немаше протокол за „тикафта“, немаше комисија за „трикафта“, немаше центар за „трикафта“. Што направивме ние, направивме комисија, направивме протоколи, го пративме на фонд за здравствено осигурување добивме позитивно мислење од нив еве и од Асоцијацијата на пациентите и на фамилиите со цистична фиброза деновиве имаат закажано средба кај мене, ќе дојдат ќе се договорат. Вие знаете дека пред два месеци излегуваше еден пациент и правеше шоу на телевизија“, рече Меџити во интервјуза „Макфакс“.

На реакијата како може да каже за пациент дека правел шоу и прашањето како тој би се чувствувал доколку имаа потреба од лек кој го нема во Македонија и е скап, Меџити одговори: „Не може пациент да одлучи дали му треба лек или не му треба лек. За тоа во Македонија има… јас зборувам јавно и транспарентно..“,додаде Меџити.

Целото интервју погледнете го тука.

 

 

 

 

06.07.2023 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега