Кривична пријава против директорка која се самоназначувала за ментор

 


Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против 54-годишната С.Р. од Ново Село, струмичко поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба и овластувања.

„Во текот на 2023 и 2024, пријавената во својство на директор на основно училиште во Ново Село, самата се назначувала за ментор на приправници за образовни асистенти, за што добивала парични средства во износ од 10% од нејзината бруто плата, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 147.456 денари во 2023 година и 155.904 денари во 2024 година“, информираат од МВР.

03.03.2025 - 16:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега