(ВИДЕО) Маскирани лица со оклопно возило упаднале во манастирот Бањско - се слушаат пукотници

 

Претставници на медиумите кои се наоѓаат кај крстосницата за вклучување на патот кон селото Бањско информираат дека повремено се слушаат пукотници кои можат да се слушнат и на видео материјалите испратени оттаму.

Инаку Рашко-призренската епархија најостро го осудува последниот напад што се случи утринава на северот на Косово, кај селото Бањско, во кој загина еден косовски полицаец, а други двајца беа повредени.

– Станува збор за сериозен инцидент кој може да има големи последици и затоа е многу важно да се направи се за зачувување на мирот и редот. Епархијата изразува искрено сочувство до членовите на семејството на починатиот полицаец и искрено се надева дека двајцата ранетите ќе закрепнат што е можно поскоро – се наведува во соопштението.

Како што велат, од Епархијата се многу загрижени бидејќи според последните информации група вооружени, маскирани лица со оклопно возило упаднале во самиот манастир, при што ја пробиле заклучената капија на манастирот. Во моментов, како што беше соопштено, во манастирот има група на верници од Нови Сад, со свештеник, игуменот Данило и браќата од манастирот.

– Заради безбедност, браќата од манастирот и верниците се затворија во конакот, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и повремено се слушаат истрели – се додава во соопштението на надлежните.

24.09.2023 - 13:19
Фото: 
Икс/Твитер

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега