(ВИДЕО) Ковачевски: Фирмите што ги нуди Мицкоски, да ги достават понудите до среда

 

„Изминатиот период, а особено вчера лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со кои што државата ќе заштеди 300 милиони евра. Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена“, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој го повика Мицкоски да ги информира компаниите да ги достават понудите до АД ЕСМ. 

„Затоа, ја користам оваа прилика јавно да го повикам Мицкоски да ги информира сите тие компании од кои има индикативни понуди, а кои биле со важност од една недела, во текот на следните неколку денови, но не подоцна од среда, да ги комплетираат понудите и да ги достават до АД ЕСМ. Понудите од компаниите треба да имаат:

- технички карактеристики на енергенсот (мазутот или природниот гас),

- да ги имаат сите сертификати,

- да ги имаат сите потребни лиценци,

- да имаат обезбедени количини (250.000 тони мазут и 250.000.000 нормални

метри кубни природен гас),

- да имаат договори со испорачатели,

- да имаат обезбедено транспорт до производните капацитети (мазутот до ТЕЦ

Неготино, РЕК Осломеј и РЕК Битола, а природниот гас до ТЕ-ТО и топланите во

Скопје)

- да имаат динамика на испорака согласно производниот план

- да имаат обезбедено банкарска гаранција.

Впрочем, ова се критериуми и услови кои и досега се барале, во сите јавни набавки на овие енергенси“, изјави Ковачевски.

„Сите понуди од овие компании кои по препорака на Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ.

Доколку евентуално пристигнат тие понуди и ги исполнуваат сите споменати критериуми и имаат најниска понудена цена, со тие компании ќе бидат склучени договори.

Очекуваме, според вчера кажаното, евентуалните понуди да бидат со ниски цени, а со тоа ЕСМ и државата да заштедат 300 милиони евра.

Доколку, пак, не пристигнат понуди по препорака на Мицкоски, ќе ја известиме јавноста за исходот на постапката“, изјави Ковачевски.

 

30.09.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега