ВИДЕО: Како „ракопескаше“ кучето Меси на доделувањето на Оскарите

Кучето Меси го украде шоуто на овогодишните Оскари.

Филмот Anatomy of a Fall во којшто се појави Меси беше кандидат за неколку награди, меѓу кои и за најдобар филм.

Меси на доделувањето пристигна со машна и седна во публиката со останатите актери.

Во еден момент тој беше прикажан на екранот како „ракоплеска“, а снимката стана вирална на социјалните мрежи.

Зад аплаузот на Меси стои човек кој лежи под столот и држи лажни шепи.

12.03.2024 - 20:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега