(ВИДЕО) Државниот врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

 

Во црквата „Св. Спас“ почна одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. 

Пристигнати се претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби и министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија. 

Според најавите од бугарското МВР, се очекува да присуствува и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Во црквата „Св. Спас“ влез имаат само акредитирани делегации и новинари кои поминуваат низ повеќе безбедносни проверки.

04.02.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега