(ВИДЕО) Бомбакис со нова песна „Поткаст“

Кристијан Станковски или меѓу јавноста попознат како Бомбакис, вечерва ја промовираше неговата најнова песна „PODCAST. Интересен е фактот што структурата на песната е во вид на „Бомбакис поткастот“, но овојпат Станковски е од другата страна, на жешкото столче, одговара, а не поставува прашањата.

Бомбакис за „Прес24“ изјави декана овој проект работел подолго време и дека е многу возбуден што и неговиот аудиториум конечно е во можност да ја слушне неговата нова песна.

„Инспирација за создавање на оваа песна беше токму поткастот што го водам. Да раскажам нешто за мене, за моето детство, за тоа како јас ги гледам луѓето. Бидејќи досега сите мои гости во „Бомбакис поткастот“ говореа за нивните животни приказни, решив да седнам од другата страна, на интересен начин, низ песна да ги споделам мои гледишта за нештата“, изјави Бомбакис за „Прес24“.

„Секако, главната порака на песната е сите да се бориме храбро, но и да останеме позитивни во животот“, додаде Бомбакис.

Во продолжение слушнете ја најновата песна на Станковски, „Поткаст“.

18.05.2023 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа