(ВИДЕО) Битиќи: Бас рапид транзит системот не може да биде поштетен од автобуси стари 30 години
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утринава зборувајќи за состојбите со јавниот превоз во главниот град рече дека Бас рапид транзит системот не може да биде поштетен за скопјани од автобуси кои сообраќаат, а се стари 30 години.
Тој напомена дека по промената на локалната власт, спроведувањето на проектот остана статус кво, а новата градоначалничка Данела Арсовска и мнозинството во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ сметаа дека БРТ не е еколошки исплатлив проект.
06.12.2022 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа