ВИДЕО: Бајден го нарече Зеленски со погрешно име на самитот на НАТО

 

Американскиот претседател Џо Бајден несоодветно му се обрати на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на самитот на НАТО во средата, нарекувајќи го со името на непријателот што се обидува да го победи, пренесуваат медиумите во регионот.

„Владимир и јас… не треба да сум толку фамилијарно…“, рече Бајден за време на прес-конференцијата во Вилнус. Потоа се поправи и рече: „Господин Зеленски и јас“, пред да продолжи. Треба да се напомене дека „Володимир“ и „Владимир“ се различни верзии на истото име.

Бајден според написите е склон кон гафови во текот на неговото претседателствување, претходно погрешно ги помеша Украинците со Иранци, а исто така прашуваше дали некој пратеник кој починал бил присутен на конференција во Белата куќа. Моментот на погрешно изговарање на името на Зеленски набрзо стана вирален на социјалните мрежи.

Пирс Морган на Твитер ја истакна грешката на Бајден, објавувајќи видео со емотикон со врзани очи.

Еден корисник на Твитер го нарече новиот гаф на Бајден „едноставно неверојатен“, а негов следбеник додаде: „Овој старец треба да се одмори“.

13.07.2023 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега