Велешанецот што го фати крстот нагости кај градоначаникот

 

Во посета на Општина Велес денеска беше Игор Иванов од велешката населба Превалец кој на празникот  Богојавление - Водици ја имаше среќата прв да стигне до Светиот крст во водите на Вардар.

-Посакувам симболот кој го претставува овој крст, Господ Исус Христос, сите да не исполни со благослов, здравје и бериќет.Возљубувајќи го Бога да бидеме возљубени! Верата е за да се практикува, традицијата да се негува, информира на својот профил на Фејсбук, градоначалникот Марко Колев.

Тој годинава беше кум на празникот, а на Игор Иванов од него лично му врачи парична награда. Воедно, Игор Иванов доби плус парична награда и од Општина Велес и други спонзори.

Инаку, 33-годишниот Игор Иванов, татко на три деца по 13 пат влезе во осветените води на Вардар во Велес за празникот Богојасвление – Водици, а за првпат го фати крстот.

Тој во наредните 40 дена заедно со својата тајфа пријатели ќе ги посети и благослови домовите на православните верници од Велес.

21.01.2025 - 18:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега