Василевска: Разочарувачки е годишниот извештај за работата на судскиот совет за 2023 година
Годишниот Извештај за работата на судскиот совет на Република Македонија за 2023 година е разочарувачки, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Таа продолжи и додаде:
„Немаме доверба во судството, бидејќи тоа е партизирано, кронизирано. Политички спреги влијаат на развојот на каририте во судско обвинителскиот систем. Има луѓе кои се неправедно гонети, инструменти на прунуда кои наликуваат од тоталитарните системи наместно на она што би требало да биде и е дел од оценската мисија“, истакна Василевска.
Укажа дека треба да се почне со морална и етичка одговорност најнапред.
„Она што ние како нова власт во нашите зложби и оние професионалци кои беа консултирани не се само од Македонија туку и пошироко во регионот е укажувањето дека навистина спрегите кои се длабоко вкоренети во судско обвинителскиот систем и дефинитивно не можат да се ресетираат со еден удар бидејќи тоа е тоталитарен пристап но исто така може да почне со морална и етичка одговорност“, вели Василевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа