Испланирајте си го движењето - „Стоп за Вардариште“ ќе го блокира Мостот „Близнаци“
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најави дека утринава во 07.30 часот ќе одржи протест со блокада на мостот „Близнаци" меѓу општините Аеродром и Гази Баба.
- Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ, наведуваат во најавата за протестот од „Стоп за Вардариште“, кои изминатите денови на истата локација организираа протести во тек на вечерните часови.
15.09.2025 - 09:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа