Вархеји денеска ќе се сретне со македонските Бугари

 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска во Брисел ќе оствари средба со претставниците на  македонските Бугари, јави бугарската агенција БГНЕС.

Средбата се одржува на барање на македонски Бугари поради, како што велат, „институционална омраза и системска дискриминација“ во Македонија, како и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков, кој моментално е на лекување во Софија.

Македонските Бугари ќе ги претставуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.

01.02.2023 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега