Вардар се излеа кај Зелениково: Доколку има поплави општината нема средства за справување со истите

 

 

Регионалниот Центар за управување со кризи- Скопје, известува дека преку бројот за итни повици 112 добиле дојава од лице вработено во Општината Зелениково дека реката Вардар се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите.

Пријавата е добиена од вработено лице од Општина Зелениково и истите известуваат дека за справување со поплавата немаат сили и средства за да се справат со поплавата доколку таа настане. Од страна на ЦУК известени се ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност.

25.01.2023 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега