Ужасни детали: Починатиот матурант пронајден во необработлива нива позади склад за дрва
Вчера околу пладне, на влезот во Струмица, на местото викано „Крива река“, зад складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, било пронајдено безживотно тело на 19-годишен матурант од Струмица, М.А.
Веста ја потврдија ОЈО и СВР Струмица. Според обвинителката Виолета Милчовска, нема знаци на насилство, а телото е предадено на обдукција и се чекаат токсиколошки анализи за да се утврди причината за смртта.
Полицијата исто така потврди дека телото на момчето било пронајдено на необработена нива во близина на складот за дрва. Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициска екипа, а телото е предадено на обдукција.
Деталите за тоа како момчето завршило на оваа локација остануваат непознати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа