Ужас во Плитвице: Баба паднала од падината во езерото, по што починала

 

Израелка (73) починала вчера во националниот парк Плитвички езера, соопшти личко-сењската полиција. Како што се дознава, целата сцена се случила околу 13 часот кога 73-годишната жена се оддалечила од групата, пренесува Вечерњи лист.

Од полицијата известуваат дека жената се движела кон неограден простор каде изгубила стабилност и паднала од падината во езерото, а од здобиените повреди починала на лице место.

„Полициски службеници од Граничната полициска станица Кореница извршија увид на местото на настанот, а посебен извештај ќе достават до надлежното државно правобранителство“, информираат од полицијата.

30.08.2023 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега