Утрово будење на минус 6 - денеска до 15 степени

 Во Берово утрово се измерени -6 степени, Во Крива Паланка -3, а во Скопје -1, соопшти УХМР.

Дожд во изминатото деноноќиe врнел во Лазарополе, Охрид, Битола, Попова Шапка, Крушево, Прилеп.

Утрово времето е претежно облачно, во крајните југозападни делови со слаби врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

26.03.2024 - 08:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега