Утре посебен режим на сообраќај во општина Аеродром

 

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (26.03.2023), со почеток во 18 часот поради најавен ракометен натпревар, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром и по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул. „Србија“ со бул. „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

25.03.2023 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега