Утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред


Утре на верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17:00 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

09.04.2024 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега