Утре и задутре ќе се прска против комарци во седум општини од Југоистокот

 

Во седум општини од Југоистокот утре и задутре ќе се врши теристичка дезинсекција против возрасни комарци, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Утре во периодот од 20 часот до полноќ ќе се прска во општините Конче, Валандово и Дојран, а задутре во Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во периодите кога ќе се прска.

09.07.2024 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега