Уште една драма во Македонија - Исчезна повозрасно лице

 

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) – Штип информира дека трага по исчезнато лице.

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е поднесена пријава за исчезнато повозрасно лице од село Степанци, Општина Штип, кое последен пат било видено во саботата, на 5 април 2025 година. 

За случајот е известено и Министерството за внатрешни работи – Штип, од каде што било посочено дека за понатамошно постапување е неопходно некој од блиските членови на семејството да достави документ за идентификација и фотографија од исчезнатото лице.

 

08.04.2025 - 09:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега