Унгарија ја поддржува одлуката на Трамп за прекин на воената помош за Украина

 


Унгарската влада изрази поддршка за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија и нелегалната анексија на нејзината територија.

Портпаролот на владата на Виктор Орбан рече: „Претседателот на САД и унгарската влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“.

04.03.2025 - 10:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега