Украина: Русите го нападнаа Киев со беспилотни летала за првпат по 12 дена

 

Русија почна напад со беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта, по пауза од 12 дена, изјави украинскиот воен претставник, но системите за противвоздушна одбрана прелиминарно ги уништија додека се приближуваа.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека во нападот учествувале осум беспилотни летала Шахид од иранско производство и три крстаречки ракети кои биле соборени.

„Уште еден непријателски напад врз Киев“, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев, во објава на каналот Телеграм.

Три приватни куќи се оштетени кога врз нив паднале остатоци од беспилотни летала во регионот на Киев, пришто едно лице е повредено, објави на својата Фејсбук страница воениот лидер на регионот Руслан Кравченко.

Очевидци на Ројтерс кажаа дека слушнале експлозии кои потсетуваат на звукот на системите за противвоздушна одбрана кои удираат цели. Засега нема информации за размерите на нападот.

Киев, неговиот регион и многу региони на централна и источна Украина беа под предупредување за воздушна закана околу еден час по 2 часот по локално време.

02.07.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега