Украина потврди дека почналa офанзива во некои области: „Успешни сме во Бахмут“
Украинската заменик министерка за одбрана изјави дека во некои области киевските сили тргнале во офанзива.
„Одбранбената операција вклучува сè, вклучително и контраофанзивни акции. Во некои области се префрламе на офанзивни акции“, напиша Хана Малиар на „Телеграм“.
„Конкретно, правецот на Бахмут останува епицентарот на непријателствата. Таму се движиме по прилично широк фронт. Успешни сме. Заземаме доминантни височини. Непријателот е во дефанзива и сака да ги задржи своите позиции“, додаде таа.
Како што кажа, на југ Русија е во дефанзива и додава: „Зошто Русите активно објавуваат информации за контраофанзива? Затоа што треба да го оттргнат вниманието од поразот во правец на Бахмут“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа