На полноќ пеш одел по магистралата кон Ќафасан - го прегазило струшко Ауди

 

Денеска (16.01.2025) во 01:50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

16.01.2025 - 11:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега