Укината забраната за тешки возила на патот Маврово – Маврови Анови, забрана има на патот Струмица – Берово

 

Од 8:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, информираат од АМСМ.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Струмица – Берово.

Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

18.12.2023 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега