УЈП во октомври потрошила 28 проценти помалку струја во споредба со истиот месец лани
Управата за јавни приходи (УЈП) во октомври, потроши за 28 проценти помалку електрична енергија во споредба со истиот месец лани, дури 53 проценти помалку струја во септември оваа година, во споредба со септември лани.
Управата за јавни приходи низ целата држава, функционира со вкупно 34 организациони единици и следејќи ги препораките на Владата, соопштија денеска од УЈП, ја оствари оваа заштеда на електрична енергија.
– Податоците потврдуваат дека УЈП, како вископрофесионална институција, заедно со нејзините вработени, целосно ги почитуваат и применуваат владините препораки за домаќинско и одговорно однесување кон потрошувачката на електричната енергија, со што придонесуваат да не се нарушува сервисната функција на институцијата. Таквата пракса ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување на глобалната економска и енергетска криза, се наведува во соопштението од УЈП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа