УХМР најавува ново невреме - На овие места низ Македонија е "потоп"
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Берово 12 литри на метар квадратен, во Виница 11, во Битола, Струмица и Кавадарци девет, Скопје седум литри, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа