Убиецот од Сисак изведен на сослушување
По исцрпен полициски увид и кривична истрага, полицијата во Сисак на надзорникот на притворот му го предаде Неѓад Фетиќ, 52-годишниот маж, кој викендов уби едно и повреди четири лица во Чапрашки Пољане, известуваат хрватските медиуми.
Тој се товари за тешко убиство, четири обиди за убиство, загрозување живот и имот и продолжено кривично дело против општата безбедност за што му се заканува долгогодишна затворска казна.
По поминати две ноќи во полициски притвор, тој со лисици е доведен на сослушување во канцелариите на Окружното државно обвинителство во Сисак. Без разлика на неговата одбрана, резултатите од вештачењето, особено психијатриското, ќе бидат многу важни во текот на истрагата, преку кое стручниот психијатар ќе одговори дали Фетиќ бил пресметлив додека пукал во соседите и палел куќи и автомобили, пренесува „Јутарњи лист“.
Како што пишува „Јутарњи лист“, пред десет години Неѓад Фетиќ бил клучен сведок на Обвинителството во случајот за воени злосторства врз српски цивили од 1991 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа