Уапсени двајца Бугари на Табановце

 


Вчера изутрината на преминот Табановце двајца бугарски државјани биле уапсени откако при контрола им биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

„На 16.06.2025  во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.И.(22) и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица, стои во полицискиот билтен.


 

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

17.06.2025 - 13:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега