Уапсен и казнет со 30.000 евра Грк кој влечел врзано куче за автомобил
По објавеното видео за инцидентот на островот Закинтос каде возач врза куче за задниот дел од своето возило, и го држеше кучето врзано додека возилото беше во движење, медиумите известуваат дека возаот е уапсен и казнет со 30.000 евра.
Инцидентот бил снимен од возач од друг автомобил, по што бил фатен и казнет сторителот.
Грчката полиција соопшти дека е уапсен 75-годишен маж и против него е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос.
Надлежниот министер на полицијата, Нотис Митаракис, на социјалната мрежа Твитер искоментира дека вакви антиопштествени однесувања се строго неприфатливи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа