Турската полиција го уапси Дритан Реџепи - водач на нарко-картелот Компанио Бело

 

Турската полиција го уапси Дритан Реџепи, водач на нарко-картелот Компанио Бело, кој се бараше по црвена потерница на Истанбул.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја вели дека тој бил баран од властите во Италија и Албанија.

„Реџепи го бараа властите во Италија и Албанија поради обвиненија за убиство, трговија со дрога, киднапирање, лишување од слобода, фалсификување патни исправи и незаконско држење оружје и муниција“, напиша министерот.

Реџепи бил ставен под надзор од безбедносните сили откако влегол во Туркије преку аеродромот во Истанбул, при што користел колумбиски пасош под  лажно име Бенџамин Омар Перез Гарсија.

Водачот на картелот беше пронајден благодарение на размената на разузнавачки информации со италијанската полиција, а потоа беше уапсен во полициска акција во областа Бејликдузу во Истанбул.

Познато е дека мрежата Компанио Бело е голем играч во шверцот на дрога од Јужна Америка во Европа.

 

10.11.2023 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега