Тупанчески: Борбата против корупцијата е општествено прашање и зависи од сите
Борбата против корупцијата е општествено прашање и ќе зависи од интегритетот на сите чинители во општеството, на нас како поединци и на институциите кои се вклучени во овој процес, истакнува министерот за правда Никола Тупанчески по повод Меѓународниот ден на борба против корупција.
– Граѓаните на нашата држава заслужуваат ефикасни институции со интегритет и владење на правото.Честит Меѓународен ден на борба против корупција, вели Тупанчески во објавата на социјалните мрежи.
09.12.2022 - 11:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа