Туфегџиќ: Политичарите во Македонија во последните 3-4 години си земаа за право да судат место судиите
Македонските политичари си даваат за право да судат и да пресудуваат наместо политичарите, вели за Детектор поранешниот судија, а сега адвокатВладимир Туфегџиќ. Според него тоа е една од клучните причини поради кои граѓаните имаат многу ниска доверба во правосудниот систем.
„Политичарите во последните 2, 3, 4 години си земаа за право да си даваат квалификации на кривични дела, да судат и да пресудуваат, тие да огласуваат кој е виновен а кој не е виновен, да си коментираат судски одлуки со еден политички триумфализам кој нив во нивната база им носи политички поени, а тоа е билдање на членството и подгревање на политичкиот амбиент кој апсолутно нема никаква врска ниту со судот ниту со судството“ – вели Туфегџиќ за Детектор.
Како пример го наведе случајот Таргет Тврдина каде што тој беше еден од судиите во советот.
„Јас сум бил првиот тој што сум реагирал на оној политички триумфализам после објавата на пресудата за Таргет – Тврдија. Никој освен мене немаше апсолутно никаква реакција. Затоа сметам дека судството веќе ја пропушти својата шанса во корен да ги пресече сите тие работи“ – вели Туфегџиќ за Детектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа