Тренчевска: Владата манипулира - цените се покачени
Прашањето се цените ќе се реши само ако се укине ДДВ на храната и само ако се зголемат платите, ако се зголеми минималната плата, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.
Тренчевска нагласи дека цените се вивнаа нагоре, инфлацијата во номеври се покачи на 4,3%, а кошничките на владата не даваат резултати, туку се манипулација со граѓаните и манипулација со цените.
-Трговците ги покачија цените на зејтинот, млечните производи, месото, јајцата за 30%, па сега намалени за 10% не ја достигнуваат цената пред да се покачат, рече Тренчевска, додавајќи дека со на овој начин власта покажува грижа само за трговците а граѓаните ги остава сами.
Власта вели дека со новогодишната кошничка граѓаните ќе бидат среќни, а трпезите полни. Дали со 22.500 денари тоа е возможно? Ако навистина се грижите за граѓаните требаше да го прифатите законот предложен од СДСМ за минимална плата од 27.000 денари, а во март да зборуваме за 30.000 денари, нагласи пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа