Трамп сакал да го помилува Асанж доколку открие кој стои зад хакираните сервери на Демократската партија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласил да го помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ако тој открие кој стои зад упадот во серверите на Демократската партија во 2016 година.

 

Ова денеска го соопштија некои американски медиуми, повикувајќи се на адвокатот Џенифер Робинсон, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон.

Според заштитата на Асанж, кој во суд во Лондон наскоро ќе се бори против негова можна екстрадиција во САД, на средбата присуствувале конгресмени блиски на Трамп, кои поставиле предлог „идентификација на изворите на публикацијата за изборите во 2016 година, во замена за некаква форма на помилување за Асанж”. 

Асанж беше задржан во април 2019 година во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде беше во егзил цели седум години. САД бараат од Велика Британија екстрадиција на основачот на Викиликс.

Американската страна го обвинува за шпионажа и објава на доверливи информации, вклучитело и објави од хакираните сервери на Демократската партија на САД. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега