Трајче Ѓоргиев ќе биде погребан утре, комеморацијата закажана во вторник

 

Актерот Трајче Ѓоргиев ќе биде погребан утре, а комеморацијата ќе се одржи во вторник, објави Македонскиот народен театар.

-Нашиот драг актер Трајче Ѓоргиев во понеделник на 5 јуни од 14:00 до 15:00 часот ќе го испратиме кон вечниот дом во капелата на градските гробишта Бутел, а комеморацијата на која семејството, блиските пријатели, колеги и познаници ќе му оддадат почит, ќе се оддржи во вторник на 6 јуни во Македонскиот народен театар во 12:00 часот, објави МНТ.

Актерот почина на 56-годишна возраст.

04.06.2023 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега