Османи до премиерот: Направи ти за албанскиот јазик, барем пола од тоа што јас направив за македонскиот

Екс министерот за надворешни работи, Бујар Османи му возврати преку Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски, по однос на тоа којшто направил за македонскиот и албанскиот јазик.
„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота.
Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС).
За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив.
Нека направи Премиерот Мицковски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“, напиша Османи на ФБ.
05.03.2025 - 19:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа