Тошковски: „Сејф сити“ е проект кој е од круцијален интерес за Македонија

 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за Слободен печат  вели дека поставувањето на камерите е при крај и ова е проект кој е многу значаен за земјава во целост.

– „Сејф сити“ е проект кој е од круцијален интерес за Македонија, првично за Скопје како центар, секако за Тетово и Куманово. Но, Скопје е главниот фокус, половина од Македонија е во Скопје, половина од прекршоците се во Скопје. Сметам дека ако можеме да возиме во рамки на дозволена брзина во Австрија и во Германија, можеме да возиме со дозволена брзина и во Македонија. Целта е да се намали бројката на смртни случаи како последица на небезбедно возење – вели Тошковски.

Според него, ова не значи исклучување на полицајците од контрола по улиците, тие мора да бидат присутни на терен.

– Полицајците ќе ги има, сакам да ги има во зголемен број. Враќањето на позорникарите е следна цел. Мора да најдеме начин како да ја доближиме полицијата до граѓаните – рече министерот.

05.07.2024 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега