Тошковски: Ќе бидеме жестоки - има обид за подгревање меѓуетнички тензии

МВР жестоко ќе одговори на сите обиди за дестабилизација на Македонија. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека регистрирале вакви обиди но дека полицијата има капацитет да се справи со нив.
“МВР е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста во иднина, жестоко ќе одговориме.
МВР е подготвена да одговори на секакви предизвици. Така да, сето она што сме го говореле во минатото од аспект на обиди кои што, видовме дел од нив и во минатото, во овие да речеме месец дена, од аспект на обиди за подгревање на меѓуетнички тензии дека се реалност, соодветно одговоривме и ќе одговориме во иднина. “ – рече Тошковски


30.09.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега